Стопанските судови спас на фирмите

Bez autora
Jun 06 2011

Стабилни и предвидливи економски политики, ефикасна јавна администрација, реформи во судството, односно формирање на специјализирани стопански судови, како и продолжување со инфраструктурни проекти со акцент за реализација на енергетските проекти, но и изградба на магистралните патишта и железница, се генералните очекувања на бизнис-заедницата кои сметаат дека треба да се реализираат годинава. Со нивното профункционирање значително ќе се забрзаат стопанските спорови меѓу фирмите. Oбразованието треба да се третира како капитална инвестиција. Со неговиот став се согласуваат и од Стопанската комора на РМ од каде веќе укажаа дека македонското стопанство има потреба од квалификувана работна сила и од конкретни струки што ќе имаат практично познавање, а не само теоретско знаење.

Стопанските судови спас на фирмитеСтабилни и предвидливи економски политики, ефикасна јавна администрација, реформи во судството, односно формирање на специјализирани стопански судови, како и продолжување со инфраструктурни проекти со акцент за реализација на енергетските проекти, но и изградба на магистралните патишта и железница, се генералните очекувања на бизнис-заедницата кои сметаат дека треба да се реализираат годинава.

Според Митко Алексов, извршен директор на Сојузот на стопанските комори, стопанските судови се во фаза на формирање.

- Со нивното профункционирање значително ќе се забрзаат стопанските спорови меѓу фирмите - вели Алексов кој смета дека образованието треба да се третира како капитална инвестиција.

Со неговиот став се согласуваат и од Стопанската комора на РМ од каде веќе укажаа дека македонското стопанство има потреба од квалификувана работна сила и од конкретни струки што ќе имаат практично познавање, а не само теоретско знаење.

- На пазарот на труд во земјава во моментов се нудат кадри што речиси не се потребни, а недостасуваат оние за кои бизнисот реално има потреба. Голема е и бројката на невреботени со четиригодишно средно образование - гимназија кои речиси за ништо одредено не се квалификувани - велат од Стопанската комора на РМ

Според Стојмирка Тасевска од СКМ, бизнисите немаат време, ниту финансии да им овозможат практична обука на нововработените, бидејќи ги притискаат рокови и барања за квалитет.

- Затоа потребна е поголема комуникација меѓу образовниот систем и работодавците. Компаниите треба да кажат каков кадар им е потребен за да се организираат соодветни обуки или едукации - вели Тасевска.

За подобрување на бизнис-климата Сојузот на синдикати на Македонија започна кампања за утврдување на минимална плата во државата која според нив треба да изнесува околу 160 евра. Синдикатот смета дека оваа висина на паричен износ на работниците ќе им овозможи социјална и материјална сигурност, но и ќе биде дополнително средство во борбата против сиромаштијата.

- Од утврдувањето на минимална плата придобивки ќе имаат работниците затоа што со тоа ќе добијат материјална и социјална сигурност, а од друга страна и работодавците, бидејќи ќе се елиминира конкуренцијата и работата на црно - сметаат синдикалците.

Синдикатот е на ставот дека треба да се утврди реалната месечна потрошувачка на четиричлено семејство, но и да се донесат и одредени измени во начинот на кои што вработниците ќе заминуваат во пензија.

Бизнис-секторот пак е задоволен од одредени мерки на досегашната Влада, бидејќи тие многу им помогнале да се пребродат последиците од големата светска економска криза.

- Не треба да се застане. Новата влада мора да продолжи со воведување на нови мерки. Како прво, банките мора да даваат кредити и тоа со пониски камати за да може да бидеме конкурентни, посебно на странскиот пазар. Кога би добиле поволни кредити секако дека и извозот значително ќе се подобри, а со тоа ќе се зголемат и девизите во државата - вели Атанас Киров, директор на крзнарската индустрија "Димко Митрев" од Велес.

За Сотир Ампов, директор на Дидогруп од Велес многу барања на бизнис-секторот владата на премиерот Никола Груевски веќе ги реализирала.

- Но, сепак, крајно време е да се преземат мерки против сите оние што работат на црно, оти тоа ке биде добро и за работниците и за работодавачите - Ампов.

Кочо Анѓушев, генерален директор на "Брако", смета дека законот за сите е ист и затоа не се согласува со тоа едни фирми да плаѓаат придонеси редовно, а некои да бидат толерирани.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik